Според податоците на турското Министерство за туризам и култура, во првите осум месеци од годинава Турција ја посетиле 31,394 милиони туристи. Тоа, пак, е за 14,7 % или за 6,3 милиони повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Најмногубројни биле туристите од Русија, кои во овој период ја посетиле Турција-4,8 милиони, што е за 18,5% повеќе од лани. По нив следуваат туристите од Германија-3,2 милиони или 13,7 проценти повеќе, а на трето место се Британците-1,8 милиони или 17,3 отсто повеќе.
Според бројот на странски туристи, најпосетена туристичка дестинација била Анталија, следува Истанбул и на трето место Одрин.
Comments are closed for this post.