Ратко Младиќ кој е осуден од страна на Хашкио трибунал водел дневни за сите случувања за време на војната во Босна и Херцеговина. Тој детално го опишувал секој настан, средба и она што силите под негова контрола го направиле или пак требало да го направат.

Па така, генералот сметал дека појавувањето на Жељко Ражнатовиќ – Аркан во реонот на Бјелина им правело само штета и контра ефект.

Како грешка го сметал и бомбардирањето на стариот дел на Сараево, палењето на неколку хрватски села во Купрес, како и рушењето на Фоча.

Мораме да имаме повеќе памет отколку храброст. Се уште има опасност за СРЈ.Не е исклучена можноста за понатамошно разбивање преку Косово, Санџак и Војводина – пишувал Младиќ.