Дилерот на дрога Бесник Мујечи, кој со автобус испраќаше дрога од Приштина до Тирана, неодамна беше назначен за член на управата на компанијата „Автобуска станица“.

На таа функција е поставен токму на предлог на партијата на Аљбин Курти. Тој очигледно ги користел своите врски во оваа компанија за непречен транспорт на екстази што дилерите ги продавале во Тирана и Драч.

Мујеци пријавил како недвижен имот семејна куќа од 250 метри квадратни во вредност од 300.000 евра и стан од 30 метри квадратни од 20.000 евра, кој е на неговата сопруга. Платата на Мујеци во Собранието на општина Приштина и во општина Приштина е вкупно 518 евра. Додека платата на неговата сопруга е 500 евра.

https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-da-bide-testiran-na-droga/