Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Хрватска, Фрањо Туџман.

Договорот е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Сцена од потпишувањето во американската база Рајт Петерсон во Дејтон, САД

Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз. Со договорот создадена е државна заедница на БиХ составена од два ентитети, Република Српска и Федерација на БиХ.

Еден од главните принципи на кој е заснован Дејтонскиот договор е поделбата по принципот 51 проценти на Федерација БиХ и 49 отсто на Република Српска, а воспоставен е и посебен Дистрикт Брчко.

Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата

Сите тројца потписници се починати. Ориганалниот документот е загубен а почина и поранешниот меѓународен пратеник за Балканот и „автор“ на Дејтонскиот договор американскиот дипломат Ричард Холбрук.

Дваесет и три години од неговото потпишување, договорот различно се интерпретира – од неприменлив, до надминат и непотребен поради што политичарите во БиХ повторно зборуваат за негова ревизија.