Денеска во 16 часот по европско време почнува седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Единствена точка е расправата и глаањето за Резолуцијата за наводен геноцид во  Сребреница. Како иницијатори се споменуваат Германија и Руанда, а Македонија е еден од коспонзорите што беше лична одлука на министерот на ДУИ Бујар Османи.

Во групата на земји кои ќе ја поддржат Резолуцијата покрај Македонија се и Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Словенија.

Унгарија најверојатно ќе биде против а Грција воздржана.

Доколку Резолуцијата се изгласа со просто мнозинство Србија и Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ.