На вчерашните парламентарни избори во Србија опозицијата дожива целосен дебакл. Интересно за нас е што во српската Скупштина не влезе ниту еден од поддржувачите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Чеда Јовановиќ освои само 0,7 отсто од гласовите па на социјалните мрежи се шегуваат дека некои од старлетите имаат повеќе лајкови на Инстаграм.

Во парламентот не влегоа ниту српските „шарени“ кои настапуваат под името „1 од 5 милиони“.

Актерот Сергеј Трифуновиќ пак освоил само 2.500 гласови. Драган Ѓилас кој има чести контакти со Заев поради слабата поддршка реши да не учествува на овие избори.