Жестока расправија имаше во српскиот парламент помеѓу министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и пратеникот Чеда Јовановиќ.

Дачиќ му се нафрли на Јовановиќ дека неговото време е минато и ако мисли дека има поддршка од народот нека излезе на избори со име и презиме пред гласачите а не да се крие во изборни листи.

Јовановиќ е познат во јавноста како лидер на „Отпор“ кој го рушеше Слободан Милошевиќ, а во последно време се споменува како можен советник на премиерот Заев.