Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја праша Дора Бакојани зошто не го пушти Северен Кипар во Советот на Европа, или Каталонија.
Еве, каталонските сепаратисти влегоа во владата на Шпанија, тие веќе не се толку страшни. Зошто да не им помогнеме да влезат во Советот на Европа? Немаме одговор на тоа. И не ни треба. Повеќе сме загрижени дали Советот на Европа ќе опстане, единствено ни е важно да ја зачуваме Србија, нашиот државен суверенитет и територијален интегритет, како што гарантираат сите меѓународни организации и нивните фундаментални документи – од ОН до Советот на Европа . Затоа ќе се бориме до крај против нарушувањето на нашиот територијален интегритет и суверенитет.
Comments are closed for this post.