Германската полиција неколку дена трага по Србинот Даниел Војновиќ, кој успеа да им избега иако отслужува казна затвор. 31-годишниот Даниел е осуден на три години затвор поради разбојништва, но сепак му било дозволена да ја посетува родителската куќа во Билефелд.

Викендот кај родителите го искористил да не се врати во затвор и побегнал низ прозорот од спалната соба.

Сепак, на полицијата и оставил порака „да убијам неколкумина и се враќам в затвор“. Сега е на потерница и го бара цела Европа.