По промената на владата во Црна Гора, премиерот Здравко Кривокапиќ и министрите денес се на првиот работен ден, а подгорички „Вијести“ пишува дека ќе се одржи првата седница на владата.

Новата црногорска влада беше изгласана во парламентот во петокот по тридневна дебата, со гласовите на членовите на трите владејачки коалиции, „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“.