Според Европската комисија за патувања, Црна Гора е „ѕвезда на Медитеранот“ во првите три месеци за оваа година, оти статистичките податоци посочуваат раст на ноќевањата од 29 отсто и дури 49 отсто поголема посетеност.

Познавачите истакнуваат дека Црна Гора, во однос на нејзиниот сосед на Јадранот – Хрватска, на пр., е посилна поради инвестициските пакети како оние во Турција.

На инвеститорите во Црна Гора првите неколку години им се нуди вадење дозволи за само неколку месеци и ослободување од некои давачки за полесно пребродување на првите три години, време во коешто хотелот допрва „застанува на нозе“. Освен тоа, и бензинот за морнарите е поевтин, ослободени се од високи трошоци и, сè тоа вроди со плод, пишува хрватски „Јутарњи лист“.

Црна Гора денес има 43.000 кревети во објекти за колективно сместување, од коишто 52 отсто спаѓаат во категориите од четири или пет ѕвезди