Утринава на граничниот премин Табановце во Македонија премиерот Зоран Заев ја прими донацијата од 4.680 дози од вакцината на „Фајзер“ од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Ова е се први вакцини против ковид-19 што пристигнуваат во Македонија, а во среда почнува имунизацијата на населенито. Први ќе се вакцинираат здравствените работници, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Но, коментарите под видето на кое во живо се пренесуваше прес-конфренцијата на Заев и Вучиќ кажуваат нешто друго.

Тапаните, кај се? Нели е срамота ваков циркус за едни вакцини? Музика кај е? Барем и сол и механизација да донесоа, снегот да го исчистеа, се дел од коментарите.