Парламентарните избори во Грција најверојатно ќе се одржат во октомври, најави грчкиот премиер Алексис Ципрас на новогодишната средба со новинарите.

На прашањето кога ќе се одржат изборите, Ципрас одговори:„Барам датум некаде во октомври“.

За разлика од изборите, во однос на Преспанскиот договор и кога тој ќе дојде за ратификување во парламентот, Ципрас тоа го остава „за отворено прашање“.

Тој претходно изјави дека гласањето „ќе биде на време“.

„Се уште не сум  решил дали тоа ќе биде на почетокот на март“.

Тој потоа им кажа на новинарите:„Гледам дека сте загрижени за договорот“, на што тие му реплицирале:„Панос Каменос е загрижен“, на што Ципрас возвратил:„Ни тој не е загрижен. Веќе донесе одлука“.

Во однос на Протоколот меѓу НАТО и Македонија, тој рече дека „во парламентот ќе дојде во наредните неколку дена од технички причини“.