Кукуш денес е на нозе – стотици луѓе демонстрираа во знак на поддршка на ученици кои на парадата на 28 октомври во Солун извикувале „Македонија е грчка“.

Заради тоа, учениците од Геракас беа казнети од училиштата.

Во знак на нивна поддршка, денес ученици и многу попови на главната улица во Кукуш одржаа протест. Доминираа грчки знамиња и еден голем транспарент дека „Македонија е грчка“, а оти тие се „синови на Александар“.

По инцидентот во Солун, протест искажа македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска.