Бугарското ВМРО бара Македонија да ја снени часовната зона и да биде во исто време со Македонија.Ова го предлага Александар Сиди, пратеник од партијата на Фејсбук.По 2021 година кога ќе престане менувањето на часовниците секоја земја ќе може да избере на која зона да припадне.

„Денеска повторно ги сменивме часовниците. За последен пат, според одлуката на Европскиот парламент. Секоја земја – членка има право да избере дали во иднина ќе се придружува на летното или зимското сметање на времето. Бугарија се уште ја нема донесено таа одлука. Затоа јас и моите колеги од ВМРО повикуваме Владата да го одбере она сметање на времето кон кое ќе остане нашиот сосед – братска Македонија. Така, поделбата на бугарскиот народ од двете страни на границата, дури и со време, ќе биде укината. И како што се пее во една убава народна песна „од Дунав до Белото Море и од Охрид до Црното Море“ нема да ги менуваме стрелките“, напиша на својот фејсбук профил пратеникот на ВМРО, Алекдандар Сиди.