Руски шпиони биле приведени во Софија за време на операција на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Бугарската национална телевизија.

Дописникот на МИА од Софија јави дека бугарските безбедносни служби ја потврдиле информацијата. Тие појасниле дека уапсените не биле Руси.

– Уапсените не се руски граѓани, тврди извор од ДАНС.

Акцијата на ДАНС продолжи во текот на целиот ден на територијата на Софија. Сè уште не е јасно колку точно се уапсени.

Според непотврдени информации на Бугарското национално радио, станува збор за изнесување  важни податоци во друга земја.

Во текот на целиот ден, екипи од ДАНС и Министерството за внатрешни работи пребарувале разни адреси во Софија. Приведени се неколку лица осомничени за шпионажа.