За време на гостувањето на државната телевизијата РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, извади кутија со лекот Бавланивимад, кој се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со корона вирус.

Вучиќ истакна дека станува збор за исклучително скап американски лек.

Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има прекумерна тежина, ја добие оваа ампула тогаш ќе биде излечен 95 проценти.

Овој американскиот лек против корона чини 600 долари, рече Александар Вучиќ.

Тој посочи дека во понеделник веќе ќе дојдат 1.800 вакви ампули во Србија, а лекарите многу бргу ќе ги имаат во протоколот.

Вучиќ рече дека со ова сакал да покаже колку српската држава се бори да ги спаси животите на граѓаните.