Москва ја предупреди Босна и Херцеговина дека нејзиното конкретно приближување на членство во НАТО пактот би претставувало „застанување на едната страна“ во сегашна конфронтација со Западот и чин на непрјателство кон Русија што би предизвикало последици, објавуваат во четвртокот тамошните медиуми.

„Русија во случај на практично приближување на БиХ и НАТО ќе биде присилена да реагира на таквиот непријателски чекор“, стои во изјавата на руската амбасада којашто ја пренесе порталот на Телевизијата на Република Српска (РТРС).

Властите во ентитетот Република Српска се против секакво приближување на БиХ на НАТО пактот, иако членстовото во Алијансата не е дефинирана како цел ниту во надворешнополитичката стратегија на земјата, ниту со нејзиниот закон за одбрана.

БиХ сега стана дефакто корисник на Акцискиот план за членство, иако во Република Српска не признаваат дека такво нешто е остварено. Актуелниот претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, континуирано отворено го искажува противењето на членството во НАТО, и бара во однос на БиХ кон Алијансата да се определи за неутралснот, како и соседна Србија.

Според објавата на руската амбсада во Сараево, тоа е реакција на зачестените дискусии за врските меѓу БиХ и НАТО и бројните медиумски написи за наводната предност од членството на БиХ во Алијансата. Амбасадата притоа појаснува дека ширењето на НАТО кон руските граници всушност никому не донело никаква позла, бидејќи само ја одржува категоријата „држави на воената линија“, па им препорачуваат на бошњачките политичари во Сараево да размислат за тоа.

„Спротивно од нашите западни партнери, ние не го наметнуваме изборот на надворешно политичките приоритетит, но истовремено ги повикуваме пријателите во БиХ добро да размислат, да измерат сѐ „за“ и „против“ и да го земат предвид мислењето на сите жители на земјата кои се далеку од консензус за ова прашање“, се наведува во писмената изјава на руската амбасада во Сараево.