Бугарските медиуми го цитираат „Пресинг ТВ“ за анализата дека само 650 македонски граѓани со бугарски пасоши гласаа на неделните медиуми.

mediapool.bg го цитира прашањето на „Пресинг ТВ“ каде се оние 120.000 Македонци за колку што властите во Софија тврдат дека имаат бугарски пасоши и зошто тие не се појавија на гласање?

Според првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија во Софија, на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, во Македонија гласале околу 650 бугарски државјани.

Најмногу гласови, 207, освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а на второ место е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа или 20,7 отсто.

Победничката овоформирана партија Промената продолжува, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

За бугарските избори во Македонија се гласаше во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.