Васил Гарванлиев, кој ќе ја претставува С.Македонија на конкурсот за Евровизија, предизвика нов скандал во Софија и во Скопје. Тој го претстави клипот “Here I stand”.  Меѓутоа, во клипот наместо пред македонското, Гарванлиев пее на фонот на бугарската тробојка. Во С.Македонија се бесни на Гарванлиев дека оди да ја претставува државата во Холандија користејќи симболи на туѓа држава, пишува бугарски Фактор.бг.

Кај нас (во Бугарија-н.з.) исто така наиде на противречности, зашто во пракса Гарванлиев и неговата екипа го користат нашиот симбол на музички конкурс. Се уште нема реакција ниту на изведувачот, ни на Скопје, зашто го ставиле нашето знаме, наместо тоа на С.Македонија. На социјалните мрежи дури се појавија коментари дека името на изведувачот во пракса не е типично македонско и можеби едноставно му се допаѓа нашата држава, пишува Факти.бг.