Бугарскиот парламент го завери договорот за купување осум американски борбени ловци. Договорот со САД е дел од планот на Бугарија да ги замени старите советски авиони и да ги доведе своите воздушни сили во линија со стандардите на НАТО, пишува РТ.

Парламентарците за договорот гласаа со 123 „за“ наспроти 78 пратеници кои беа против. Бугарија треба да купи осум ловци од типот „Ф-16 блок 70“. Според агенцијата АП, ова е најголемата воена набавка на Бугарија во нејзината посткомунистичка ера.

Зделката е вредна 1,25 милиојарди долари, и во пакет со авионите одат и муниција, опрема и обука за пилотите. Испораката треба да биде гоова до 2023 година.

Министерот за одбрана на Бугарија сега има зелено светло да го потпише договорот со фирмата Локид Мартин.