На аеродромот во СЊофија утрово пристигна втората пратка од 25.000 вакцини против Ковид-19 на компаниите „Фејзер“ и „Бионтек“.

Во текот на денот тие ќе бидат дистрибуирани во пет региони на државата и од таму поделени на регионалните здравствени институции.

-Продолжуваме со вакцинирањето на сите вработени во првата линија, кои се вклучени во првата фазас на вакцинирањето, а тоа се бугарските медицински лица. Откако ќе завршиме со првата фаза, веднаш ќе започнеме со втората фаза-домовите за возрасни и бугарските учители, изјави министерот за здравство Костадин Ангелов.

Според министерот Ангелов, масовното васкцинирање ќе започне во текот на февруари или март, кога во земјата ќе има повеќе дози од вакцините. За десетина дена се очекува и третата пратка од исто 25.000 вакцини на истите компании.