Најавата на Панос Каменос дека ќе си поднесе оставка од функцијата министер за одбрана во владата на Ципрас, е примена како „бомба“ во Брисел и во моментов таа претставува вистинска загриженост, изјавил за „Ефимерида“ висок претставник на Европската унија.
Досега Каменос неколку пати давал слични изјави, но сега за прв пат во Лариса јано кажа дека ако Преспанскиот договор се ратификува во македонското Собрание, тој ќе си поднесе оставка. Се очекува тоа да биде кон средината на јануари в година, кога би требало оставка да поднесе и Каменос.
Во Брисел очекуваат Договорот да помине во Скопје, но очекуваат и серија министерски оставки веднаш потоа во Грција, како и подготовки за предвремени избори, а тоа би можло да значи дека Преспанскиот нема да биде ратификуван од сегашниот парламент во Грција, туку од некој друг.