Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната кратка средба на софискиот аеродром со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ја повторил истата фраза, што му ја упати и на претходникот Никола Димитров-Историјата нема да ни прости! Само сега модифицирана во „идните поколенија“.
-Сите противречности меѓу Бугарија и Република С.Македонија треба да бидат надминати. Идните поколенија нема да ни простат, ако ја пропуштиме оваа голема можност, изјавил Борисов пред Османи, пишува софиски Труд.бг.
Борисов бил категоричен дека РСМ и Албанија не можат да бидат попречувани на нивниот пат кон ЕУ, па затоа противречностите меѓу Бугарија и РСМ треба да бидат надминати.
-Така што, и вие и ние треба да се подготвуваме за преговори со разум, а не со емоции, за да можат нашите соседи да бидат во ЕУ. Тоа е геостратешка цел на Бугарија, прашањето е и ние и вие да најдеме политичка волја, изјавил Борисов.
Бугарскиот премиер истакнал дека двете земји треба да одат по патот на дипломатијата и разбирањето.
-Хероите, кои зафинале за слободата, не може да се тема што ќе не раздвојува. Зашто, нивна мечта била да бидеме заедно и за тоа ги дале своите животи. Така што тие треба да се мост на пријателство, а не на раздвојување, акцентирал Борисов.
Comments are closed for this post.