Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговата изборна кампања во Разград, најави дека доколку Бугарите ги реизберат поранешните владетели Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, тој повеќе нема да води изборна кампања и нема да се кандидира за функцијата, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Борисов, ова беше најлесната кампања за ГЕРБ. На 2 октомври граѓаните на Бугарија треба да одлучат која партија или коалиција да поддржат, рече Борисов.
За неефикасната енергетска политика тој ја обвини претходната власт истакнувајќи оти нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија работеше со полна брзина, а струјата чини 45 лева (23 евра), а се продава за 1.800 лева (900 евра) и праша зошто го испуштиле ова.
Борисов, сепак, неколку часа откако изјави дека може да се повлече од политиката доколку ГЕРБ не победи на изборите на 2 октомври, неговиот ПР Севдалина Арнаудова и Никола Николов на Фејсбук напишаа дека се договориле со Борисов доколку се повлече од политика лично да им соопшти. – Бидејќи тој не ни кажа ништо такво, ние продолжуваме со кампањата низ Бугарија и сакаме да Ви кажеме да не читате лажни вести, напишаа Арнаудова и Николов.
Веста за можна оставка на Бојко Борисов накратко стана главна вест во бугарските електронски медиуми.
Comments are closed for this post.