Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, побара владејачката партија да го стави францускиот предлог за Македонија на пленaрна седница во Народното собрание и да се „прескокне“ разгледувањето на преледогот од страна на Комисијата за надворешна политика.
Поранешниот премиер во видеообраќање заедно со своите сопартијци побара на дневен ред на плеарната седница да бидат две точки , Македонија и Албанија и донесување на буџетот.
– Вчера решивме да дадеме зелено светло на темата Македонија. Очекувавме ова денеска да влезе во пленарната сала без игри и финти, а не да си играме со одолговлекувања. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет, рече Борисов.
Comments are closed for this post.