Ако има привремена влада ќе учествувам во претседателската трка.

Ова утринава го изјави бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов при напуштањето на болницата каде беше опериран поради скинат менискус на десното колено, повреда што ја доби при играње фудбал, пишува 24 часа.

Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат есенва.

Напуштајќи ја болницата Софијамед, Борисов им се заблагодари на лекарите и одговараше на новинарски прашања.

Запрашан зошто ги расипале односите со Слави Трифонов од Има таков народ, Борисов одговори:

-Тој реши да прави партија, а јас се уште не сум решил да правам шоу.