Една хрватска компанија одлучи да направи интерен конкурс меѓу своите вработени, на кои им понуди награда од по 1.300 евра доколку препорачаат нов квалитетен и проверен работник да дојде во фирмата.

Ваквата одлука на оваа загрепска фирма ја продолжува низата позитивни мерки насочени кон зголемување на ефикасноста на своите работници.

Компанијата се занимава со развој на комплексни бизнис апликации, претежно за водечките производни компании во Светот, од најголемиот производител на опрема за заварување за кој програмираат роботска рака, до лидерот во индустријата за соларни батерии во делот на логистиката. Притоа, иако работат со компании од целиот сцет, нивните работници работат од Хрвтаска, без оглед дали е тоа од канцелариите на фирмата, од дома или комбинирано, но сеако без потреба да се преселат во странство.

Нам, навистина не ни е цела да ги држиме вработените во канцеларија по цел ден или ноќ. Нашиот идеален вработен е зрел/а работник кој може да се снајде во сложените проекти за клиентите – вели за односот со вработеите, одновачот и директорот на компанијата, Горан Калањ.

Бројот на вработени во компанијата, од почетокот на годината до сега, пораснаа од 60 до над 100, а до крајот на годината би требало да надминат и 120, пишува „пословни.хр“. Приходите на фирмата лани биле 2,78 милиони евра, што е раст 66 отсто во однос на 2016 година, додека планот за оаа година е да се дојде до бројка од пет милиони евра.