Иранската амбасада во Анкара денеска е евакуирана откако турските безбедносни сили добиле предупредување дека во амбасадата би можело да има бомбаш самоубиец, пренеуваат турските медиуми.

По добивањето на известувањето, турската полиција го евакуираше иранскиот амбасадор, како и вработените во амбасадата и ја затвори улицата каде што се наоѓа амбасадата.