Дури 102 училишта во Бугарија добиле закани за бомби вчера, објави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров. Биле испратени мејлови до образовните институции во Софија, Варна, Бургас, Плевен и Сливен. Голем дел од нив се евакуирани. Досега не е пронајдена експлозивна направа.

Софиското градско обвинителство отвори истрага за тероризам.

Главната верзија на МВР за заканите со бомби е хибриден напад поврзан со Русија. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев.

Заканите доаѓаат од е-пошти регистрирани во „Гугл“. Затоа е испратен сигнал до американските служби за да го утврдат нивниот извор.

Одговорноста е на ‘Гугл’ е нивна одговорност, тие мора да откријат од каде доаѓаат овие мејлови. Немаме начин да дознаеме во Бугарија, коментира министерот.

Според него, сите европски земји се подложени на слични напади. Изворите се исти, пристапот е ист – се упатуваат закани против критичната инфраструктура за да се создаде паника. Изминативе денови закани добија и голем број образовни институции во Македонија.

Водечката теорија, општо земено, е дека ова се хибридни напади поврзани на некој начин со Русија – рече Демерџиев.

Според него, шпекулации се тврдењата дека мејловите биле испратени од Бугарија. Во такви случаи, сторителот најчесто се открива во рок од 24 часа, рече министерот.