Бојко Ноев, поранешен бугарски министер: Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“

18.02.2021 / 14:24


Поранешниот бугарски министер, Бојко Ноев, вели дека Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“, ако веќе има и за другите, пренесува „Дојче Веле“.

Давам пример – клучно прашање во контекст на правата на Бугарите во Македонија: претстои попис. Поставила ли Бугарија некакви прашања во врска со тоа пребројување? Прашалниците, според законот, ќе бидат на седум јазици: на македонски, таканаречен, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Нема бугарски. Што значи тоа? Дека македонскиот всушност е бугарски, или дека е дискриминиран голем дел од населението, од народот на Република Cеверна Македонија? Јас го мислам второто. За разлика од некои бугарски политичари, јас не сметам дека сите Македонци се Бугари. По прашањето за идентитетот сум категоричен дека има македонски идентитет кој е создаден во последните десетлетија, дека има луѓе кои говорат на јазик што тие сакаат да си го нарекуваат македонски – и во тоа нема никаков проблем. Јас сум категорично против, кога на Бугарите во Република Cеверна Македонија им се забранува да се изјаснат како Бугари, па се репресирани тие, и нивните деца. Бугарија треба категорично да и го постави прашањето на Република Cеверна Македонија: Ние сакаме Бугарите во Македонија да бидат пребројани. И не само да бидат пребројани, туку да не бидат дискриминирани, ако има графа за другите, сакаме да има и графа „Бугари“, вели Ноев.

Потенцира дека Бугарија сака Бугарите во Македонија да бидат рамноправни и дека тоа е меѓународна норма, која е заведена во сите документи на ЕУ. Според него, без тоа – не постои начин да се продолжи.

И бидејќи за историјата ќе биде потребно време, ќе треба време да се расчистат учебниците, така што правата на Бугарите во Cеверна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес, вели Ноев, додавајќи дека „некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи”.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Мицкоски ќе ги собира лидерите од земјите-кандидати за ЕУ

пред 1 час
Регион

Maрта Кос ни порача дека 15 години нема да имаме право на вето дури и да влеземе во ЕУ некогаш

пред 2 часа
Регион

Трифонов ја навреди македонската претседателка затоа што знае Англиски јазик

пред 1 ден
Регион

Албанската „Фламинго револуција“: Урнати оградите околу одморалиштето на Џаред Кушнер

пред 2 дена
Регион

Коста Кецмановиќ и пишал на мајка си: „Те мразам“

пред 3 дена
Регион

Здравствената состојба на Ратко Младиќ се влошува

пред 3 дена
Регион

Авторот на славното интервју на БГНЕС во кое Заев тврдеше дека сме „сшти“ народ со Бугарите, сега вели дека самите сме се блокирале во ЕУ

пред 4 дена
Регион

ЕУ и “стегна“ вето на Бугарија поради монета од две евра

пред 5 дена
Регион

Oчекувањата скромни: Денеска во Софија средба на претседателките на Македонија и на Бугарија

пред 6 дена
Регион

Секаде во регионот има повеќе Бугари отколку кај нас, но само за Македонија е услов да ги ставиме во Устав

пред 6 дена
Jojobet Girişjojobetjojobetcasibomcratosroyalbet girişgrandpashabetesbetcasino siteleriDeneme Bonusu Veren Sitelerbetparkbetpark girişbetpark girişGrandpashabet destekgrandpashabet girişGrandpashabetCasibomCasibomCasibomjojobet girişcasibomgrandpashabetgrandpashabetholiganbetgrandpashabetjojobetjojobet girişjojobetjojobet giriş