Словенечката армија доживеа голем срам откако на припадниците на една нивна единица им украле големо количество муниција од камион, што војниците го оставиле на паркинг.

Тие имале задача да поднесат еден камион полн со муниција до аеродромот во германскиот град Лајпциг, од каде што муницијата требало да биде испратена за Мали, каде што има гарнизон на словенечката војска.

Со оглед на тоа што летото за Африка бил наредниот ден во однос на моментот кога војниците пристигнале во Лајпциг, тие одлучиле да преспијат во хотел крај аеродромот. Го паркирале камионот пред хотелот и повремено го проверувале за да се осигураат дека се е во ред.

За време на обиколката, околу 3.10 часот, еден војник забележал дека церадата на камионот е исечена и дека недостасуваат околу 2.000 парчиња муниција – изјави Симон Крез, задолжениот за односи со јавност на словенечката војска.

Од камионот исчезнале 1.000 парчиња муниција калибар 5.56 милиметри и 1.000 зрна од девет милиметри.

Како што објавува порталот Журнал 24, истрагата треба да утврди кој одлучил да се спие во хотелот, војниците сами или имале таква наредба, но тоа што е сигурно е дека тоа требало да биде некаде на бебедно место.