По убиството во училиште во центарот на Белград, сите се прашуваат што го натерало ученик од седмо одделение да го изврши ова грозоморно злосторство, анализира „Курир.рс“.

Што  направи одличен и талентиран ученик, успешен спортист и чудо, како што го нарекуваа во околината, да убие девет луѓе во училиштето?

Училишните другари на уапсениот тринаесетгодишник и настраданите се во шок по трагедијата и со солзи за „Курир,рс“ изјавија дека ова момче претходно не било проблематично, но го опишуваат како чуден.

Одел на натпревари

– Беше тивок, повлечен, не се дружеше премногу со никого, беше малку чуден, но со него немаше никакви проблеми. Тој е меѓу најдобрите ученици во своето одделение, тој беше првенец и одеше на натпревари по повеќе предмети – ни раскажува еден од учениците на училиштето.

Го малтретирале пријателите, бил жртва на насилство од врсници, а на инсистирање на родителите бил префрлен во друга смена. Беше мирен, добар ученик, раскажува еден од родителите на неговите соученици.