Лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша денес испрати порака со која кажа дека не и се плаши на власта и нејзината закана дека ќе ги стави во затвор сите кои ќе ги блокираат локалните избори на 30 јуни.
Од денешниот протест кога беше блокиран патот Милот-Скадар, лидерот на Демократската партија рече дека „опозицијата на 30 јуни ќе го блокира секое гласачко место“.
„На 30 јуни нема да има избори. Локални избори не може да има без опозиција затоа што опозицијата не може да биде клонирана. Во Албанија има само една опозиција, а тоа сме ние. Ние сме определени да не дозволиме избори да се спроведат на 30 јуни. Нема да дозволиме уште еден изборен криминал. Че биде на секое избирачко место за да го блокираме процесот. Ќе се бориме до крај“, порача Баша.
Comments are closed for this post.