Грците се најстресните луѓе во светот, покажало истражувањето на Галуп – извештај за глобалното расположение 2019 спроведено врз 150.000 испитаници во 140 земји.

Според истражувањето, кое е спроведено лани, 59 проценти од Грците рекле дека „вчера искусиле многу стрес“, со што Грција е на првото место во светски рамки и тоа трета година по ред.

По Грција, на таа скала се наоѓаат Филипини, Танзанија и уште еден наш сосед – Албанија.

Истражувањето исто така го мерело нивото на бес, каде Ерменците го зазеле првото место, а потоа се Ирачаните, Иранците и Палестинците.

Во истото истражување имало и прашање за негативни искуства, каде учесниците од Чад, Нигерија, Сиера Леоне, Ирак и Иран се нашле на врвот.

Што се однесува до земјите кои имаат најмногу позитивни искуства тука се: Парагвај, Панама, Гватемала, Мексико и Ел Салвадор.