Опозицијата во Албанија нема да оди на избори ако премиерот Еди Рама биде на таа функција.Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија изјави дека целта на опозиицијхата е Рама да замине од политиката. Додаде дека опозицијата се подготвува за локални избори заедно со претседателските избори.
Нема да има договор со Еди Рама. Мојата цел како лидер на опозицијата и на Демократската партија и на нашите сојузници, не е само негово заминување како премиер, туку и негово заминување од политиката и изведување пред лицето на правдата. Демократската партија и сојузниците се подготвуваат за локалните избори, но се подготвуваат за парламентарни избори. Нашата цел е со мнозинството албански граѓани кои не ја прифаќаат и не можат да ја издржат оваа ситуација, да наметнеме политичко решение за земјата. Решение кое треба да ја надмине состојбата на државен удар, во која се наоѓаме, изјави Баша при телевизиско гостување.
Comments are closed for this post.