Чешкиот претседател, Милош Земан, го обвини јавниот чешки радиосервис за цензура, a  nеговата  реакција следи откако новинарот го замолил шефот на државата  да се воздржи од пцости бидејќи програмата тече во живо.

Новинарот го предупредил Земан дека со пцовките ги крши законите, а на радиото му се заканува казна од 400 000 евра.

„Водителот има склоност да цензурира кога не е потребно. Доколку некој употреби вулгарен израз и не го упати конкретно кон никого, тогаш е егзибиционист. Кога ќе го насочи директно кон некого, мораме да се запрашаме дали е упатен кон вистинското лице и дали е оправдан“, рече чешкиот претседател во редовно неделно интервју за приватна телевизија.

Претседателот на приватната  телевизија се  бранел дека  зборот “ѓубре“ за чешките тајкуни, кој ги  покрале и приватизирале претпријатијата и осиромашиле милиони Чеси, е премногу благ.

За 4 години ќе имам право на уште една вулгарна  пцовка кога ќе се збогувам од функцијата претседател“ изјавил Земан

Чешкиот совет за радио и телевизија веќе еднаш го казни чешкото радио бидејќи шефот на државата вулгарно пред неколку години во емисија ги навреди руските панкерки.