По вчерашните протести во повеќе градови во Албанија, опозицијата јасно порача дека „на 30 јуни нема да има локални избори“, иако власта тоа го објави.
Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша рече дека без слободен изборен процес избори нема да има.
На 30 јуни никако нема да дозволиме да се спроведат локални избори. Избори без опозицијата нема да има“, рече Баша од Елбасан, каде приврзаниците на опозицијата ги блокираше крстосниците, што е нова форма на протестите.
Тој, исто така, предупреди дека протестите на опозицијата ќе продолжат секој четврток со блокади на патиштата, а најголемиот е закажан за 11 мај.
Comments are closed for this post.