За да се скрати процедурата и за да се намали долгото чекање за пасоши, бугарското Министерство за правда воведе онлајн резервации и поднесување на документи преку интернет, јавуваат bТВ Новините.
Оваа мерка се воведува по апсењата во Агенцијата за Бугарите во странство кога стана јасно дека тарифата за продажба на бугарски пасоши стигнувала до 5.000 евра. Сега кандидатие ќе поднесуваат документи и ќе ги закажуваат интервјуата за државјанство само онлајн.
Од Министерството за правда јавуваат за бум на кандидати за Бугари во 2018 година. Над 22.000 луѓе побарале бугарски пасоши, а речиси две третини од нив се одобрени, но близу 8.000 барања се вратени.
Советот за државјанство одбил да одобри документи на повеќе од 1.500 лица, а 5.800 молби се вратени во Агенцијата на дополнителни проверки. Причините за тоа лежат во отсуство на докази за бугарско потекло, на документи за неосудуваност, како и во криминалното минато на кандидатите во државите од кои доаѓаат.
Бранко од Крива Паланка е еден од илјадниците, кои ги чекаат своите документи од Агенцијата за Бугарите во странство.
Во претходните години се добиваа за 15 или 30 дена, а сега се чека цела година, вели тој.
Секој кој плаќал меѓу 300 и 500 евра, меѓутоа си ги добивал документите веднаш, што стана јасно по акцијата на обвинителството. Новиот в.д. шеф на Агенцијата, Димитар Владимиров се јави со коментар за забавените преписки. Во писмена изјава објасни дека само во 2018 година имало над 15.000 кандидати.
Ако треба да се прилагодуваме со можностите на Агенцијата во моментов, тогаш прифаќањето на изјавите не треба да надминува бројка од 10.000 годишно. По приемот, на обработка и издавање на документи работат точно осум луѓе, напиша Владимиров.
Воведувањето на онлајн резервации и поднесувањето документи преку интернет ќе ја олесни и забрза процедурата.
На кандидатите веќе нема да им се налага по неколку пати да доаѓаат во Министерството. Прво, за поднесување документи, а потоа за проверка или за отстранување на недостатоците во нив, изјави заменик министерот за правда Десислава Ахладова.
Некои од документите, на пример, како тие за престој во Бугарија, Министерството веќе само ќе ги обезбедува.
Comments are closed for this post.