Најмалку 5.000 лица годишно успеале да купат лажна потврда за бугарско потекло која е неопходна за добивање на пасош, тврди поранешна службеничка во бугарското министерство за правда, пишува ЕУ Обсервер, а пренесува Ал Џезеира.

Една бандера во едно место во близина на Благоевград е дел од широка измама за шема на продажба на лажно бугарско потекло, објаснува Катја Матева која 11 години била директорка задолжена за државјанства.

Таа тврди дека локалниот градоначалник ја запишал бандерата како адреса за Македонци кои купувале потврда за бугарско потекло

Илјадници луѓе е регистрирано на адреса на бандерата-изјави Матева, која работела во министерството до 2016 кога е отпуштена бидејќи одбила да учествува во измамата.

Таа тврди дека парите се земани во кеш на сред бел ден на улива пред институцијата во срцето на Софија.

За лажна потврда се плаќало од 500 до 700 евра. Поткуп не давале само луѓето кои мамеле за потеклото туку и тие што имале легитимни барања.

Таа го посочува Красимир Каракачанов, лидерот на националистичката ВМРО дека профитирал од оваа измама.