Долгата крвава војна речиси ги уништи некогаш моќните нарко-кланови од Котор, чии членови се на гробишта, затвори или во бегство. Најголема корист од нивната војна има Балканскиот картел, составен од различни криминални групи собрани околу најпрофитабилниот бизнис – трговијата со кокаин.

Овој клан ја презеде трговијата со дрога а како неофијален лидер се само прогласи Един Грачанин кој го нарекуваат Тито од Босна.