Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја разгори јавноста со  тврдењето дека патувањата во посета на роднини на Балканот и во Турција минатото лето го иницираа вториот корона-бран во Германија.

Извлековме поуки од минатото лето“, рече неодамна германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, за таблоидот Билд. Според неговите зборови, имало периоди кога „околу 50 отсто“ од новите зарази со коронавирусот во Германија всушност биле увезени, и тука Шпан особено го спомена заминувањето на луѓето кои живеат и работат во Германија, а имаат семејства на Балканот и во Турција-смета Шпан.