„Не им верувајте на Данајците и кога носат подароци“.Оваа изрека најдобро ќе ја почуствува Србија во однос на Грција и Косово.Поранешната министерка за надворешни работи,нам добро познатата, Дора Бакојани, сега изветувач на Советот на Европа се залага Косово да стане член на оваа најстара европска организација.
Таа смета дека тоа што Косово го врати на српската црква во Дечани е доволно Косово да биде примено во Советот на Европа.
Враќање на земјиштето во Дечани,формирање на Заедницата на српските општини,
поништување на одлуката за незаконска конфискација на земјиште во општините со српско мнозинство, беа трите услови кои требаше да ги исполни Косово а исполни само едно.Но, за Бакојани и тоа е доволно.
Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да одлучи за барањето. Неопходно е Косово да добие двотретинска поддршка, за потоа таа да биде потврдена од Комитетот на министри.
Претседателот Александар Вучиќ најави дека доколку Косово биде примено, можно е Србија да излезе од Советот на Европа.
Comments are closed for this post.