На патот Куршумлија-Прокупле, во Србија, утринава околу 06.40 часот се случи тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион. Според соопштение на српската полиција, во стравичниот судар загинале четири лица, додека тешко се повредени шест и тие се префрлени во нишката и во болницата во Прокупле. Две од шестмината повредени лица се наоѓаат во тешка состојба.

На самото место загинале четири лица. Автобус на Ниш експрес директно се судрил со камион со приколка при што се појавил и пожар. Од фотографиите на местото на несреќата се гледа пламен, и речиси целосно изгорениот авотбус.

Несреќата се случила кога автобусот на Ниш експрес преминал на спротивната страна од коловозот и директно се судрил со камионот.