Бугарија настојува во преговарачката рамка да се внесат надминувањето на говорот на омраза и фалсификувањето. Тие треба да се отстранат, зашто претставуваат основни европски вредности, изјави во интервјуто за ТВ Европа, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Напоменувајќи дека „опозицијата во Скопје има исклучително негативно влијание“, тој додаде дека е можно да дојде до меѓународно посредување дури и вон ЕУ.

-Се зависи од тоа што сакаат во Северна Македонија, дали сакаат да работи комисијата, ако воопшто има потенцијал. Тешко е да се предвиди дали Бугарија ќе добие нешто од посредувањето под покровителство на ООН, изјави Ковачев.