Полицијата во Копривница примиле несекојдневна пријава од месноста Петеранац, каде што според наводите на човекот, му исчезнала куќата.

Крадците, според наводите на сопственикот, помеѓу 5 и 16 декември го одвоиле и го однеле целиот кров, делови од ѕидовите изградени од дрвена граѓа.

Монтажната куќа која била речиси завршена, била цел на крадци, кои за неколку дена ја расклопиле до темел. Штетата се проценува на неколку илјади евра.

Гласините кај локалните жители говорат дека всушност се работи за „наплатување стар долг”, но истрагата е во тек.