Грчките медиуми денес објавија шокантни детаљи за убиството за Алберт Бако, албански затвореник во озлогласениот затвор Коридалос во Атина.
Медиумите истакнуваат дека затвореникот починал како последица од повеќе удари со импровизиран нож во лицето и во главата. Не се знае точно кој бил убиецот, но се наведува дека тоа бил некој од групата, исто така, затвореници Албанци.
Затворските службеници соопштија дека жалат за срамното убиство кое се случи во затворските простории.
„Се уште не знаеме зошто ќелијата била отворена во 12.45 часот, кога таа требала да биде затворена уште во 12?“, се наведува во соопштението.
Алберт Бако беше обвинет за убиство на адвокатот Михалис Зафеиропулос, за обид за убиство на адвокатот Георгиос Андонопулос, како и за пукање во еден грчки бар каде беа повредени 14 лица.
Comments are closed for this post.