Српските власти се нервозни отако деновиве се одржува заедничка вежба помеѓу Албанската и косовска војска. Вежбата се одржува во Косово и целта на вежбата е трагање и спасување во планини.

Србите реагираат бидејќи според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации Косово е дел од Србија и ова преставува грубо крешење на меѓународното право.

Tие сметаат дека одреден дел од српската војска треба да биде на Косово под управа на КФОР и дека ова е уште една албанска провокација.