Опозицијата во Албанија денес донесе решние да ги врати мандатите во парламентот, со што земјата влегува во длабока политичка криза.

Вечерва во зградата на премиерот Еди Рама дојдоа амбасадорот на ЕУ, Луиџи Сореца и амбасадорот на САД, Лејла Мозес-Уанс а темата на разговорите е прецизно да се утврди политичката состојба создадена во земјата по протестите на 16 февруари, како и враќањето на мандатите.

Пред почетокот на состанокот, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од чија партија први ги вратија мандатите, соопшти дека кон нив се придружиле и други партии. Една од нив е Социјалистичкото движење за интеграција. Шефицата на парламентарната група Моника Криемади попладнево објави дека СМИ донела одлука да им се приклучи на ДП, кои први ги вратија мандатите.

Денес реагираше и известувачот во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, кој рече дека не е прв пат во ЕП да се соочат со ваква одлука на албански парламентарци од опозицијата. Тој потести дека должност на опозицијата е да понуди политичка алтернатива, но и дека „опозицијата носи своја одлука дали ќе ги врати мандатите иле не“.