Фолк пејачот Шабан Шаулиќ кој настрада во сообраќајна несреќа во Германија ќе биде погребан во Алејата на великаните во Белград. Но, неговиот погреб нема да биде со никакви верски обреди.

Иако Шабан е роден во муслиманско семејство, секогаш истакнувал дека не го интересира религијата и дека луѓето ги дели на добри и на лоши а не на која религија припаѓаат.

Кога ќе го прашаа за неговата припадност тој се изјаснуваше дека е Југословен.